Нова иновација кај смартфоните, сензор кој покажува дали сте пијани

Нова иновација кај смартфоните, сензор кој покажува дали сте пијани

Група на истражувачи пронајдоа како смартфоните преку движењето на корисниците можат да предвидат дали сте пијани. Од 17 испитаници, истражувачите успешно предвидоа интоксикација со точност од 92 проценти.

Во студијата која беше објавена од страна на истражувачите од универзитетите на Стенфорд и Питсбург, успешно беше измерена концентрацијата на алкохол во крвта и во здивот преку смартфоните.

Следен чекор е тестирање на иновацијата во реалистично опкружување, како на пример бар или ресторан, со цел да се покаже ефикасноста на пронајдокот. Ако се оди според планот, овој пронајдок се очекува да се имплементира на смартфоните веќе следната година, изјави главниот истражувач на тимот.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *