Новата генерација Mercedes S-Class 2021

Mercedes-Benz ја претстави новата генерација на својот модел

Пред нас е новата S-класа, која на пазарот ќе се натпреварува со новиот Audi A8, како и со рестализираната BMW Серија 7, иако Германците самоуверено тврдат дека ова е најдобриот автомобил на светот.

Нарачките за новата Mercedes-Benz S-класа ќе бидат прифаќани од средината на септември, а првите единици ќе бидат достапни во месец декември. На пазарот во САД и Кина, седанот ќе биде достапен од февруари следната година. 

Новата S-Class е првиот модел на марката поставен на новата генерација на платформата MRA, наменета за седани.

Ова практично значи дека S-Class, покрај традиционалната софистицираност во понудата на луксуз и комфор, ќе донесе голема пресвртница во гамата на лимузини.

Целокупната архитектура на ентериерот е прилагодена на новиот информативно-забавен систем од втора генерација-MBUX.

Погледот во салонот веднаш се насочува кон големиот монитор поставен во средината на централниот гребен, кој користи OLED технологија. Поставен е во форма на портрет, така што се спојува со централниот гребен, а по дијагонала е долг 12,8 инчи.

Во Европа, продажбата започнува со 5 модификации со редни 6-цилиндерски 3.0-литарски бензински агрегати (М 256) и дизелски (ОМ 656), сите спарени со 9-степен автоматски менувач.

Кај сите верзии, максималната брзина е ограничена на 250 km/h. Бензинските варијанти имаат хибриден систем од 48 волти со стартер-генератор EQ Boost, што ја зголемува моќноста за 22 КС и 500 Nm.

Покасно ќе биде претставена верзијата со V8 мотор со аналогна технологија (S 580). Во текот на 2021 година ќе биде претставен и plug-in хибрид, кој ќе може да помине до 100 километри само на електрична енергија.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments