Новата Lada Niva 4×4

Новото теренско возило Lada Niva

Претходно ова теренско возило се произведуваше под брендот Chevrolet во заедничкото претпријатие на General Motors и АвтоВАЗ. Кон крајот на 2019 година „АвтоВАЗ“ откупи од американскиот концерн 50% во заедничкиот потфат.

Така производствениот погон, чие име е променето во „Лaда Запад Толјати“, се најде во стопостотна сопственост на „АвтоВАЗ“, а моделот Niva се врати под брендот на Lada.

„АвтоВАЗ“ го објави почетокот на продажбата на теренското возило Niva под марката Lada, се наведува во соопштението на овој производител на автомобили.

Според податоците на Асоцијацијата на европски бизнис, јунската продажба на теренецот Niva на рускиот пазар изнесувала 2,2 илјади парчиња.

„АвтоВАЗ“ е најголемиот производител на патнички автомобили во Русија, влегува во состав на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi. Продажбата на оваа компанија во Русија во 2019 година се зголеми за 1% и достигна 362,4 илјади возила.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments