Невообичаена промотивна акција на американска компанија.
Популарниот Snapchat дефинитивно влегува во трката со TikTok и Instagram, лансирајќи нова опција – Spotlight.
Корисниците на социјалната мрежа не само што ќе можат да прават кратки и забавни видеа, туку и најдобрите ќе бидат наградени со милион долари!
Неверојатната промотивна кампања ќе трае до крајот на годината, можеби дури и подолго, а за наградата ќе бидат избрани највиралните клипови.
Услови за учество
Споменатата бројка нема да биде доделена на едно лице, но поделена меѓу најдобрите, објавено е на официјалниот блог на компанијата.
Условите за учество подразбираат дека имате над 16 години, ги почитувате авторските права и не промовирате дрога или алкохол.
За жал, Spotlight нема да биде веднаш достапен во сите земји, туку на пазарите во Америка, Канада, Австралија, Велика Британија, Германија и Скандинавија.