Нови фотографии на Galaxy Note20 Ultra

Galaxy Note20 Ultra во полн сјај

Според наводите на германскиот блог WinFuture, Galaxy Note20 Ultra ќе има 6.9-инчи WQHD+ 19.3:9 120Hz Dynamic AMOLED Infinity-O дисплеј, со punch-hole отвор за 10MP селфи камера и сензор за отпечатоци од прсти под екранот. Note20 Ultra ќе биде и првиот смартфон кој ќе користи Gorilla Glass 7 заштита.

На задната страна, Galaxy Note20 Ultra ќе има три камери: 108MP главна, 12MP ултраширока и 12MP телефото. Главната камера ќе може да снима 8K видео, ќе има ласерски автофокус, перископ објектив со 5x оптички зум и 50x Space Zoom опција.

Телефонот ќе го покренува Exynos 990 чипсет, заедно со 12GB RAM. Ќе бидат достапни и опции од 256GB и 512GB UFS 3.1 простор за складирање податоци, заедно со слот за microSD картички за дополнително проширување.

Кога е во прашање софтверот, Note20 Ultra ќе користи Android 10 со One UI 2.x кориснички интерфејс. Ќе бидат достапна и автоматска OneNote синхронизација и оптимизиран cloud гејминг преку Project xCloud, благодарение на партнерството на Samsung со Microsoft.

Samsung Galaxy Note20 Ultra ќе има и слот за две SIM картички и поддршка за eSIM функција. Ќе биде понуден во барем две бои – Mystic Bronze и Mystic Black, а цената ќе изнесува над 1000 евра.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments