Нови информации за OnePlus Nord

Фотографии од OnePlus Nord потврден AMOLED дисплеј

OnePlus Nord ќе биде претставен на 21. јули, веќе знаеме некои од карактеристиките на телефонот преку официјални тизери. Сега дојавувачот @evleaks објави фотографии кои ни даваат подобар увид во дизајнот на новиот смартфон.

Телефонот ќе користи дисплеј со овален отвор за две редни камери, претходните информации открија дека предните сензори ќе имаат 32MP и 8MP резолуција.

Официјалниот Instagram профил за Nord телефонот фотографија потврди дека уредот ќе користи AMOLED дисплеј. Исто така, потврдена е и високата стапка на освежување, а се очекува дека ќе биде 90Hz.

На задната страна е видлив систем со четири камери, поставени вертикално во левиот агол, а системот ќе го сочинуваат 48MP главен, 8MP ултраширок, 5MP макро и 2MP сензор за длабочина.

OnePlus претходно потврди дека Nord ќе користи Snapdragon 765G чипсет и дека ќе има OIS оптичка стабилизација на сликата.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments