Новите Опции За Боја на iPhone и Apple Watch Аксесории

Новите Опции За Боја на iPhone и Apple Watch Аксесории

Apple ги претстави новите силиконски маски за iPhone 11, iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Mаx, исто така и новите силиконски ремени за дигиталниот часовник Apple Watch. Овие бои со чудесен надимак се дизајнирани за лето.

Apple ги претстави новите ремени за Apple Watch Sport и маските за iPhone со новите бои. Истата компанија, претходно произведе спортски ремени за Apple Watch Pride Edition. Доколку сте корисник на Apple Watch или iPhone, набргу ќе можете да им дадете поразличен изглед на истите.

Новите маски за iPhone и новите ремени за Apple Watch Sport

Претставени се вкупно 4 ремени за Apple Watch Sport со различни бои. Како и секогаш така и сега имињата на овие бои се чудесни. Опциите за боја се: Темно сина, океанска пена, витамин Ц или океанско сива боја. Цена на новите ремени е 43€ и можете да ги најдете на официјална онлајн продавница на Apple.

Покрај ремените за Apple Watch Sport, дизајнирани се и нови силиконски маски за iPhone 11, iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro. Боите за силиконските маски исто така се Темно сина, окенаска пена и Витамин Ц но не е достапна бојата океанско сива. Цена на овие маски е 39€.

Ремените за Apple Watch и маските за iPhone, оваа година се објавени две недели пред настанот WWDC на Apple. Настанот ќе се одржи на 22 Јуни 2020 година но поради коронавирус ќе се одржи само дигитално.

Велејќи дека тие ќе ја соберат целата заедница за развивачи заедно со сосема ново искуство, потпретседателот на Глобалниот Apple Маркетинг Фил Шилер рече дека WWDC 2020 ќе собере и глобална заедница за развивачи составена од повеќе од 23 милиони регистрирани развивачи во повеќе од 155 земји и региони.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments