Нови слики од PlayStation 5 DualSense џоистикот

Нови слики и детали се појавија на интернет денес за џоистикот PlayStation 5 DualSense

Нови слики и детали се појавија на интернет денес за џоистикот PlayStation 5 DualSense благодарение на корисникот на Твитер кој работи за компанија која дизајнира додатоци за производителите на конзоли.

Galaxy666 денес сподели неколку сосема нови слики за џоистикот DualSense, потврдувајќи дека батеријата ќе има капацитет од 1560mA, повисока од капацитетот на батеријата DualShock 4.

Фактот дека батеријата на контролерот PlayStation 5 е многу повисока од батеријата на DualShock 4, воопшто не е изненадувачки.

Претходно овој месец, гласините сугерираат дека траењето на батеријата DualSense трае околу 3 до 4 часа повеќе од DualShock 4.

Џоистикот DualSense и самата конзола PlayStation 5 ќе бидат објавени до крајот на годината,се уште нема точен датум за објавување.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments