Новиот Audi S3

Audi S3 во Sportback и Sedan верзија

2.0-литарски мотор со турбо полнач кој развива 228 kW / 310 КС и 400 Nm, спарен со S Tronic менувач и Quattro погон на сите тркала. Без оглед на верзијата на каросеријата, S3 од 0 до 100 km/h забрзува за 4,8 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена брзина на 250 km/h.

Споредено со стандардниот А3 модел, верзијата S е 15 mm поблизу до патот и доаѓа со 18-инчни алуминиумски тркала. Опционално е можно да се добие сет од 19-инчни тркала, а опционални се и matrix LED светлата со 15 индивидуални LED сегменти.

Клиентите можат да нарачаат нови S3 Sportback и S3 Sedan со суспензија S Sport за подобра удобност при нормално возење, но и да ја зголемат агилноста во случај на побрзо возење.

Како и надворешноста, ентериерот е суптилно подобрен во однос на A3 со пакетот на опрема S Line.

Спортските седишта со подобра странична поддршка, а истите се тапацирани главно со материјал направен од рециклирани пластични шишиња. Малата рачка на менувачот своето деби го имаше на стандардниот модел А3, а воланот со рамно дно и перфорирана кожа е ексклузивен за S3.

Продажбата започнува кон крајот на август, а испораките се очекуваат во октомври. Верзијата Sportback во Германија ќе чини 46.302 евра, додека седанот е малку поскап со цена од 47.179 евра.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments