Најавен е новиот Samsung Galaxy S20 Ultra Limited Edition White

Најавен е новиот Samsung Galaxy S20 Ultra Limited Edition White

Новата серија на телефони Samsung Galaxy S20 е претставена во месец февруари, но сега е претставена ограничената верзија на моделот Galaхy S20 Ultra. Моделот кој сега за сега го има само во Виетнам, че има износ на цена од 1.290 долари.

Јужнокорејската компанија Samsung, во Виетнам го претстави новата ограничена верзија на Galaхy S20 Ultra. Телефонот со точен назив SamsungGalaхy S20 Ultra, ќе биде отворен за предпорачки помеѓу датумите 12 Јуни и 18 Јуни.

Компанијата изјави дека купувачите кои ќе го нарачаат телефонот помеѓу изјавените датуми, ќе добијат блутут звучник Harman Kardon Aura Studio 3 кој е во вредност од 300 долари. 

Подарок блутут звучник Harman Kardon Aura Studio 3

Новиот Samsung Galaxy S20 Ultra Limited Edition White, ќе си го завземе местото на продажните места на 19 јуни. Исто така купувачите кои ќе го купат телефонот од 19 јуни до 21 јуни ќе добијат попуст од 130 долари.

Телефонот доаѓа со исти карактеристики од оригиналниот Galaхy S20 Ultra, со 6,9 инчен QHD + AMOLED екран. На задниот дел од телефонот се наоѓа камера од 108 МР за широк агол + 48 МР телефото + 12 МР ултра широк агол + 0,3 МР сензор за длабочина, додека на предна страна поседува предна камера од 40 МР.

Galaxy S20 Ultra Limited Edition White кој ќе се напојува од Exynos 990, ќе има меморија за складирање од 128 GB заедно со 12 GB RAM. Телефонот кој доаѓа со оператицен систеm Android 10, има батерија во големина од 5.000mAh и 45W.

Kарактеристики на Galaxy S20 Ultra Limited Edition White

  • Екран: 6,9 инчен, 120 Hz и Динамичен  AMOLED, 511ppi, HDR10+
  • Процесор: Exynos 990
  • РАМ: 12 GB
  • Складирање: 128 GB
  • Задна камера: 108 МР + 48 МР + 12 МР + 0,3 МР
  • Предна камера: 40 МР
  • Батерија: 5.000mAh, 45W
  • Врска: Wi-Fi 6, Bluetooth 5,0, USB Type-C, 5G
  • Оперативен систем: Android 10
  • Величинı:  167 x 77, x 8,8 mm
  • Тежина: 221 гр

Цена на Galaxy S20 Ultra Limited Edition White

Како што и погоре наведовме, цената на Galaxy S20 Ultra Limited Edition White ќе изнесува 1.290 долари. Телефонот кој за сега го има само во Виетнам, сеуште не се знае дали ќе го има и во другите објекти.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments