Новиот лаптоп на Xiaomi, ‘Mi Notebook 14’

Новиот лаптоп на Xiaomi, ‘Mi Notebook 14’

Xiaomi, неодамна го претстави новиот лаптоп ‘Mi Notebook 14’. Xiaomi ни доаѓа со две варијанти, исто така нагласува дека новите лаптопи се идеални за лица кои го користат само за општи потреби.

Xiaomi, неодамна се појаи со паметната нараквица Mi Band 5, но сега е со нов лаптоп. Како што се гледа, новиот лаптоп ќе биде центар на критики поради цена и дизајн.

Во серијата ‘Mi Notebook 14’ која денес Xiaomi ја најави, се наоѓаат два модели. Еден од овие два модели е моделот кој е именуван директно Mi Notebook 14 додека вториот модел е именуван Mi Notebook 14 Horizon Edition. И двата модели во основа го нудат истото, но моделот Horizon Edition од аспект на јачина е малку појак.

Xiaomi Mi Notebook 14

Новите лаптопи на Xiaomi се напојуваат од Intel процесор 10. Генереција. Доколку ги погледнеме малку подетално ќе забележиме дека моделот Xiaomi Mi Notebook 14има процесор Intel Core i5 додека моделот Mi Notebook 14 Horizon Edition има процесор Intel Core i5 или Intel Core i7. И двата модели имаат рам меморија од 8GB.

Xiaomi преферира да користи 512 GB SSD за Mi Notebook 14 Horizon Edition, додека за Mi Notebook 14 има две опции од 512 GB и 256 GB SSD. Исто така моделот Mi Notebook 14 Horizon Edition ќе биде поддржуван од Nvidia GeForce MX350, додека Mi Notebook 14 ќе биде поддржуван од Intel UHD Graphics 620 или Nvidia GeForce MX250. Така што моделот Mi Notebook 14 очигледно нема да биде добра опција за оние кои сакаат да играат игри.

Технички карактеристики на Mi Notebook 14

  • Екран: 14-инчен FHD
  • Процесор: Intel Core i5-10210U
  • GPU: – Intel UHD Graphics 620
  • Nvidia GeForce MX250
  • РАМ: 8 GB DDR4
  • Складирање: – 256 GB SSD / 512 GB SSD
  • Оперативен систем: Windows 10 Home Edition

Технички карактеристики на Mi Notebook 14 Horizon Edition

  • Екран: 14-инчен FHD
  • Процесор: Intel Core i5-10210U / Intel Core i7-10510
  • GPU: Nvidia GeForce MX350
  • РАМ: 8 GB DDR4
  • Складирање: – 512 GB SSD
  • Оперативен систем: Windows 10 Home Edition

Цена на Xiaomi Mi Notebook 14

  • Mi Notebook 14 со 256 GB SSD и Intel UHD Graphics 620 GPU: 580 долари
  • Mi Notebook 14 со 512 GB SSD и Intel UHD Graphics 620 GPU: 620 долари
  • Mi Notebook 14 со 255126 GB SSD и Nvidia GeForce MX250 GPU: 660 долари
  • Mi Notebook 14 Horizon Edition со 512 GB SSD, Intel Core i5-10210U процесор и Nvidia GeForce MX350 GPU: 725 долари
  • Mi Notebook 14 Horizon Edition со 512 GB SSD, Intel Core i7-10510U процесор и Nvidia GeForce MX350 GPU: 790 долари
0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments