Новите модели на BMW со ограничено производство

Новите модели на BMW со ограничено производство

Германскиот автомобилски гигант BMW ќе лансира специјални модели на производство на модели X2, 3 и Z4 под името „Edition Sunrise“.Моделите што ќе се продаваат само во Јапонија ќе бидат ограничени на 500 комада.

Гигантското име во автомобилскиот свет, BMW повторно ќе ги лансира своите најпознати и најомилени модели како специјална верзија. Компанијата се подготвува да пушти во продажба ограничен број на BMW X2, BMW 3 Series и BMW Z4. Новите модели, кои ќе бидат објавени под името „Edition Sunrise“, ќе бидат ограничени на само вкупн 500. Продажбата ќе биде само во Јапонија.

Овие модели, кои се специјално изработени според изјавата дадена од BMW, претставуваат „надежи за еден ден кога светот ќе го врати својот дух и ќе започне да работи“.Секој модел што BMW ќе го објави како Edition Sunrise е во бела боја. Покрај тоа, секој модел има тенка црвена линија на дното на вратите и огледалата.

Новите модели наречени „Edition Sunrise“

BMW X2 Edition Sunrise базиран на xDrive18d M Sport ќе биде ограничен на само 200. Освен погледот на Edition Sunrise, возилото ќе има М тркала од 19 инчи, М аеродинамичен пакет, М заден сполиер, М кожен волан и алуминиумски бандажи. Возилото ќе излезе во продажба од 5 милиони 540 илјади јапонски јени (приближно 45.000 €).

Моделот BMW 3 Series базиран на 320d xDrive M Sport исто така ќе биде ограничен до 200. За разлика од X2, возилото ќе има црни бандажи и кожени седишта Вернеска. Белото BMW 3 Series ќе биде во вредност од 6 милиони 870 илјдаи јапонски јени (приближно 57.000 €), додека специјалната BMW 3 Series со Мелбурн црвена боја ќе се продава од 7 милиони 30 илјади јапонски јени (приближно 57.000 €).

BMW Z4 базирана на sDrive20i M Sport ограничена на само 50, ќе биде најреткото возило во серијата Edition Sunrise. Ова возило ќе има црни бандажи  како серијата BMW 3. BMW Z4 Edition Sunrise ќе излезе во продажба од 7 милиони 400 илјади јапонски јени (приближно 58.000 €). Продажбата ќе започне во јули.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments