Ново видео од Surface Duo

Ново видео од Surface Duo укажува на можноста за скоро официјално претставување

Видеото е дел од серијал на Microsoft на YouTube наречен „The Shiproom“ каде од компанијата презентираат компании кои ги користат сервисите од Microsoft

Во ова видео, водителот го користи Surface Duo, истото го кажува и ја менува сликата која се прикажува на зелената позадина.

Не е сигурно дали со тоа се најавува и одредена функција која ќе ја има Surface Duo, но дефинитивно може да се сфати како тизер поради приближување на датата кога овој уред ќе биде официјално претставен.

Овој телефон се очекува да биде претставен оваа година, а според некои истото може да се случи и пред претставувањето на Galaxy Z Fold2 од Samsung, иако тоа сега некако делува нереално, со оглед дека настанот на Samsung е закажан за идната среда.

Surface Duo не доаѓа со еден екран кој се превиткува, сепак ќе претставува до некаде конкуренција на таквите уреди, поради неговата можност да се користи како мобилен телефон, па да се отвори и да се користи во друг формат. Според некои, до напредокот на технологијата за свитливи екрани, ова е одлична алтернатива.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments