Nvidia го купува ARM на крајот на летото

Nvidia го купува ARM на крајот на летото

Трката за купувањето на британскиот технолошки гигант АRM се загрева откако Nvidia ги засили преговорите. Изворите велат дека превземањето може да се случи на крајот на летото и договорот се вреднува на околу £40 милијарди.

Технолошката компанија со седиште во Кембриџ беше ставена на продажба уште минатиот април од страна на јапонските сопственици Softbank. Softbank доживеа големи загуби и мораше да се одлучи на продажба на некои од нивните средства, откако големата инвестиција како WeWork се покажа како неуспешна.

Договорот може да предизвика тензија  во трговските договори  помеѓу Британија и Јапонија. Британија се надева на склучување на брз договор поради нејзиното тотално напуштање на Европската Унија.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments