Nvidia ја најави новата GeForce RTX 3060 Ti графичка карта по цена од 399 долари.

Nvidia ја најави својата нова GeForce RTX 3060 Ti графичка карта, по цена од 399 долари. Во прашање е најновиот додаток наRTX 3000 линијата на компанијата, а истовремено е и најдостапен модел.

Компанијата истакнува дека RTX 3060 Ti е дизајниран по перформансите да ја надмине последната генерација на RTX 2080 и RTX 2080 Super видео карти. Nvidia истакнува дека во просек, GPU ќе биде за 40 проценти побрз од RTX 2060 Super моделот.

GeForce RTX 3060 Ti ќе биде достапна од 2. декември, по цена од 399 долари, односно 348 евра. Самиот GPU изледа многу слично на RTX 3070 моделот и идентичен е според големината. Графичката карта го вклучува и истиот традиционален систем со два вентилатори. Главната визуелна разлика која RTX 3060 Ti ја има е посветлата нијанса на сива, во однос на потемната сива која ја користат остатокот од моделите од RTX 3000 серијата.

RTX 3060 Ti графичката карта пристигнува со 8GB видео меморија, има основен работен такт од 1410MHz и boost такт од 1665MHz. GPU користи dual-slot дизајн, со новиот 12 пински конектор на Nvidiа. Компанијата препорачува напојување од 600W за RTX 3060 Ti, а картата „влече“ 200 вати.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *