Nvidia ќе го купи ARM

Nvidia наводно го разгледува купувањето на ARM

Купувањето на ARM би можело да биде најголемата аквизиција во индустријата на чипови. Nvidia во последно време бележи скок на акциите, а пазарната капитализација достигна 254 милијарди долари.

ARM архитектурата на чипови се користи во многу телефони и таблет уреди, како и во останатите уреди. Наскоро и Apple ќе се префрли од Intel на ARM за своите Mac компјутери.

Поради тоа, не претставува изненадување што многу технолошки гиганти се заинтереситани за купување на ARM. Според најновите извештаи, меѓу нив е и Nvidia.

Засега не е познато колку Nvidia е подготвена за аквизиција на ARM.Претходно, Nvidia за седум милијарди долари го купи Mellanox, компанија која е специјализирана за cloud, податоци и мрежи.

Nvidia му понуди преговори на ARM во врска со потенцијално купување. Моментално, ARM Ltd. е во сопственост на јапонската SoftBank, која компанијата ја купи во 2016. година за 32 милијарди долари.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments