Google го забрзува циклусот на објавување на Chrome на секои четири недели!
Преговори во напредна фаза за купување на ARM од страна на Nvidia
SoftBank се соочува со одредени финансиски проблеми поради што добро би им дошло да дојдат до сумата која се наведува како можна за продажбата на ARM, а таа се најавува дека би изнесувала 32 милијарди долари.
Најпознатата компанија во светот која ги дизајнира чиповите кои се користат во мобилните уреди, ARM, наводно ќе добие нов сопственик и тоа познатата Nvidia.
Според неофицијални информации, Nvidia е во преговори кои се стигнати во напредна фаза со сопственикот на ARM, а тоа е јапонската SoftBank.
Доколку дојде до договор, а веруваме дека како и секогаш неофицијалните информации се точни барем во делот дека има преговори, тогаш ова ќе претставува една од најголемите зделки на овој пазар.