Објавен е датум на лансирање на OnePlus Z

OnePlus кој планира да се внесе во средниот сегмент на паметни телефони, новиот телефон ќе го претстави во Индија. Објавен е датумот на телефонот кој се очекува да биде именуван OnePlus Z или OnePlus 8 Lite.

OnePlus, како конкурент ги зацелуваше само висококвалитетните компаниите како Samsung и Apple. Компанијата која со телефоните кои ги произведуваше, секогаш беше дел од високиот стандарт.

Компанијата која планира да биде дел од средниот сегмент на паметни телефони, ќе го претстави новиот OnePlus Z. Компанијата OnePlus, која планира да биде дел од класата каде се наоѓаат компании како Xiaomi, OPPO и Vivo, новиот телефон планира да го претстави во Индија.

Датум на лансирање на телефонот е 10 Јуни 2020 година

Компанијата која се подготвува да го претстави новиот телефон, сеуште не даде прецизни информации во однос на името на телефонот. Ајде подетално да ги разгледаме карактеристиките кои се пробиени за телефонот кој се очекува да биде именуван OnePlus Z или OnePlus 8 Lite.

Според фотографии споделени во април, OnePlus Z ќе биде со рамен екран. Телефонот ќе биде со OLED екран кој ќе содржи и фингерпринт. Камерата ќе биде сместена на левата страна од горниот дел. Според фотографиите, копчињата за управување со звук ќе бидат сместени од лева страна додека копчето за уклучување ќе биде сместено од десна страна.

Карактеристики на OnePlus Z

  • Процесор: Snapdragon 765
  • RAM: 8 GB
  • Складирање: 128 GB
  • Екран: 6,55-инчен Super AMOLED, 90 Hz
  • Батерија: 4.300 mAh
0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments