Објавен Poco M2 Pro со Snapdragon 720G

Претставен Poco M2 Pro со Snapdragon 720G чип и четири камери

Независниот бренд Poco, кој е филијала на Xiaomi, го претстави својот нов телефон, под името Poco M2 Pro.

Poco M2 Pro е официјализиран во Индија, а го претставува вториот телефон на компанијата за овој пазар, кој е објавен во текот на годината, по Poco X2 моделот. Според спецификациите, Poco M2 Pro е донекаде модифицирана варијанта на Redmi Note 9 Pro, објавен во март.

Спецификациите на уредот вклучуваат 6,67-инчен Full HD+ (1080 x 2400p) LCD екран со Corning Gorilla Glass 5 заштита, Qualcomm Snapdragon 720G чипсет (Adreno 618G GPU), со 4GB/6GB LPDDR4X RAM и 64GB/128GB UFS 2.1 простор за складирање, проширлив преку microSD картичка.

Предната камера од 16MP има поддршка за Night Mode, додека на задната страна се наоѓаат четири сензори: 48MP главен, 8MP ултраширок, 2MP сензор за длабочина и 5MP макро.

Poco M2 Pro пристигнува во Out of the Blue, Green and Greener и Two Shades of Black варијанти на бои, а ќе се продава од 14 јули по цена од околу 187 долари за 4GB + 64GB варијанта, 200 долари за 6GB + 64GB модел и околу 228 долари за 6GB + 128GB верзија.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments