Објавена е цената на iPhone 12

Неофицијално се објавени цените на iPhone 12: Дали ќе има поевтина верзија со 4G?

Пристигна многу важна вест во врска со серијата iPhone 12 која Apple планира да ја претстави во наредните неколку месеци. Според веста од страна на Omegaleaks 4G верзија на iPhone 12 ќе изнесува 549 долари.


Произлегоа навистина многу важни гласини во врска цената на iPhone 12 серијата која Apple планира да ја лансира во наредните неколку месеци. Според веста споделена од страна на Omegaleaks, 5,4-инчниот модел на iPhone 12 ќе изнесува 549 долари. Исто така се зборува дека 6,1-инчниот iPhone 12 Max ќе изнесува 699 долари. Според произлезените гласини, уредите со погоре наведените цени ќе бидат со 4G врска.

5G моделите ќе бидат поскапи

Корисникот на Твитер со назив Omegaleaks покрај поевтините верзии, ги објави и цените на моделите со 5G врска. 5,4-инчниот iPhone 12 со 5G врска ќе изнесува 649 долари додека 6,1-инчниот iPhone 12 со 5G врска ќе изнесува 749 долари.


Всушност веќе долго време се зборува дека ќе има пониска класа на iPhone-и. Претходно се зборуваше дека моделот на iPhone 12 со 5,4-инчен екран ќе биде поевтин. Засега не се знае дали навистина ќе има такви уреди.

Претходно Џон Просер изјави дека iPhone 12 со 5G врска ќе изнесува 999 долари. Исто така се знае и дека iPhone 12 Pro Max со 5G врска ќе изнесува 1.099 долари. Сеуште не се знае дали овие про модели ќе имаат верзија од 4G врска.

Дали Apple ќе произведе 4G уред?

Сите сме сведоци дека Apple во последно време произведува уреди по пониска цена. Изгледа сосема логично да компанијата произведе 4G уред се со цел да има пристап и до корисници од пониска класа.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments