Објавена е првата верзија на Windows Terminal

Објавена е првата верзија на Windows Terminal

Microsoft официјално ја објави првата стабилна верзија на Windows Terminal, која ја претстави минатата година. Windows Terminal 1.0, врз кој се додадени нови функции при преминот од верзијата за преглед на стабилна верзија, овозможува побрза работа со повеќе профили со својата GPU поддршка.

Американскиот технолошки гигагнт Microsoft, на настан во 2019 година за прв пат го претстави Windows Terminal и ја направи првата негова верзија за преглед и во јуни 2019 им беше достапна на корисниците на Microsoft. Microsoft за прв пат ја објави првата стабилна верзија на Windows Terminal.

Стабилната верзија на Windows Terminal, објавена од Microsoft, доаѓа со нови функции. На пример, со оваа верзија корисниците ќе можат да користат Terminal со GPU поддршка. Оваа поддршка значи дека сè што треба да се направи во Windows Terminal 1.0 ќе биде малку побрзо. Покрај тоа, Windows Terminal 1.0 сега поддржува знаци на Unicode и UTF-8.

Windows Terminal 1.0 има понапредна структура од порано. Овој додаток го олеснува работењето на повеќе прозорци или командните линии истовремено во Windows Terminal 1.0. Ова им носи брзина и практичност на корисниците во нивната работа. Покрај тоа, Microsoft наведува дека во Windows Terminal 1.0 можат да се создадат различни профили, овие профили можат да се ракуваат едни до други, а овие профили можат да бидат уникатно прилагодени.

Првата стабилна верзија на Windows Terminal, развиена од Microsoft, е достапна за сите корисници. Од компанијата велат дека покрај оваа стабилна верзија, ќе има и верзија за преглед и сите корисници кои сакаат да искусат нови функции кои доаѓаат на Windows Terminal 1.0 ќе можат да ја изберат оваа верзија. Корисниците можат да пристапат до Windows Terminal 1.0 преку Microsoft Store или Github.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments