Објавени се опции за боја на Samsung Galaxy Note 20

Објавени се опции за боја на Samsung Galaxy Note 20

Се зголемуваат гласините за серијата Samsung Galaxy Note 20 која ќе биде претставена ова лето.  Сега се објавени боите на Galaxy Note 20.

Јужнокорејската технолошка компанија Samsung, со Galaxy Note 20 планира да ги надополни и продажбите на серијата S20. Денес се пробиени информациите во врска со боја на Galaxy Note 20.

Според интернет страницата gearcoupon, Galaxy Note 20 ќе ги има опциите за сива, златна и зелена боја.  Galaxy Note 20+ ќе биде во боите црна и златна. Секако дека треба да ви кажеме дека боите ќе се разликуваат со тоновите.

Концепт дизајн на Galaxy Note 20

Очигледно дека Samsung, со боите кои ги нуди за Galaxy Note 20 сака да се разликува од моделите на Ѕ20, но за сега немаме ништо освен шпекулации. Затоа добро би било да се посомневате во сите информации кои ги слушате пред лансманот.

Доколку сакате, на кратко да ги спомнеме и карактеристиките на Galaxy Note 20 според шпекулациите, Очекуваме да видиме 6,42 инчен AMOLED дисплеј со резолуција од 2345 x 1084 пиксели, 404 PPI и 60Hz стапка на освежување. Варијантата Плус се проценува дека е 6,87-инчен AMOLED дисплеј кој нуди резолуција од 3096 x 1444 пиксели, 497 PPI и стапка на освежување од 120Hz.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments