Објавени се првите фотографии од Android TV на Google

Објавени се првите фотографии од Android TV на Google

Според некои гласини кои веќе долго произлегуваат, Google се подготвува да претстави еден Android TV. Објавените фотографии ги одобруваат овие гласини.

Според фотографиите објавени од страна на XDA Developers, уредот Android Tv на Google ќе биде именуван „Сабрина“. КАко што гледаме на фотографиите, ќе има јајцевидна форма. Врз уредот ќе го има логото „G“ кое ја претставува компанијата со седиште во САД, но можно е да биде пуштено во продажба преку марката Нест која е систем за паметен дом на Google.

Исто така наведено е дека фотографиите кои ги видовме преку XDA Developers, се превземени од видео. Всушност ова видео е од дамнешен датум Октомври 2019. Така што можеме да кажеме дека уредот наскоро може да биде претставен.

Заедно со Сабрина може да биде претставен и далечинскиот управувач на Google

Знаеме дека многумина за жалеа од Chromecast на Google поради тоа што бевме принудени телефонот да го користиме како далечински управувач. Покрај тоа Google ги послуша корисниците и најверојатно ќе го претстави и својот далечински управувач. Според објавените фотографии се гледа и Google Asisstan врз далечинскиот управувач.

Колку и да добивме детални информации, сепак за сигурно не се знае името, цена и датум на лансман на уредот. Единствено нешто што беше сигурно е тоа дека уредите требаше да бидат претставени на настанот Google I/0 2020, но поради коронавирус настанот е откажан.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments