Од почетокот на пандемијата Netflix има 26 милиони претплатници

Пандемијата му донела на Netflix 26 милиони нови претплатници

Netflix забележа драматичен пораст на бројот на нови претплатници во пандемијата на коронавирусот, но очекува ова да забави во наредниот период.

Стриминг гигантот додал повеќе од десет милиони нови претплатници во изминатите три месеци, со што вкупната бројка за оваа година порасна на 26 милиони. За споредба, Netflix во целата 2019 година добил 28 милиони нови претплатници.

„Порастот сега забавува затоа што корисниците излегуваат од почетниот шок од коронавирусот и социјалните ограничувања. Сепак, пандемијата покажа дека Netflix е неопходен дел од животот на корисниците“, соопшти компанијата.

Приходите на Netflix се зголемиле за речиси 25%, на 6,1 милијарда долари, а профитот по квартал пораснал на 720 милиони долари, додека лани тоа изнесувало 271 милион.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments