Официјални фотографии на Lenovo Legion Pro

Официјални фотографии го прикажуваат Lenovo Legion Pro

Lenovo Legion гејминг телефонот веќе некое време се појавува во информациите, а полека се приближуваме до објавата која е закажана за 22 јули.

Lenovo официјално потврди дека Legion Pro ќе има 20MP селфи камера од страна на рамката. Дојавите сега откриваат и систем со два звучника, систем со две камери кој е сместен во средина на телефонот на задната страна, а тука е и dual-LED блиц сместен над Legion логото.

Селфи камерата најверојатно ќе служи и како алатка за препознавање на лицето, додека сензорот за отпечатоци од прсти е сместен под екранот. Кога е во прашање дисплејот, не е позната конкретната дијагонала, но се очекува дека ќе биде OLED тип со 144Hz стапка на освежување.

Останатите спецификации на Lenovo Legion Pro смартфонот вклучуваат Snapdragon 865+ чипсет и поддршка за 90W Super Flash Charge полнење.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments