Официјално e претставен LG Wing

Смартфонот со два ротирачки екрана

LG во изминатите неколку години имаше телефони со два екрана како што сеG8X ThinQ и Velvet, но новиот модел под името Wing е поинаков. Се работи за првиот уред под LG брендот „Explorer Project“.

Смартфонот има два OLED дисплеја, првиот е стандарден 6,8-инчен главен екран без рамки и засек, а подолу е 3,9-инчниот панел. Наместо отворање, уредот поседува ротирачки механизам. 

Помалиот екран се користи како дополнителен „прозорец“ за користење на други апликации или за дополнителна функционалност.

LG го замисли користењето на другиот екран за контролирање на камерата, додека главниот се користи за непречено видно поле. По свртувањето, главниот екран може да се користи и како тастатура за одговарање на пораките прикажани на помалиот екран.

Смартфонот доби Qualcomm Snapdragon 765G процесор со интергриран X52 модем за 5G поддршка, 8 GB RAM, 256 GB интерна меморија, батерија од 4.000 mAh, сензор за отпечатоци од прсти интегриран во дисплејот, а поддржува и безжично полнење.

Селфи камерата се извлекува благодарение на pop-up механизмот, а одзади е главната камера од 64MP, стандардната ултраширока од 13 и уште една ултраширока од 12MP.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments