OnePlus го најавува Android 11

OnePlus го најавува Android 11 и Always On Display функцијата

OnePlus веќе со години избегнува да ја имплементира Always On Display функцијата.

Меѓутоа, истата ситуација беше и со бежичното полнење и водоотпорноста, која компанијата конечно ги додаде во своите најнови модели.

Можеби слично ќе направи и со Always On Display функцијата.

Извршниот директор на компанијата OnePlus објави тизер на Twitter во кој се сугерира планираната Android 11 надградба, која ќе ја добијат OnePlus телефоните, а можеби и некои дополнителни карактеристики.

Тизерот прикажува часовник, на кој малата стрелка покажува 11, што јасно укажува на Android 11. Меѓутоа, се сугерира и дека новото софтверско ажурирање би можело да ја имплементира Always On Display (AOD) функцијата.

Always On Display би можел да биде ексклузивен за OnePlus 8T серијата, која исто така неодамна се појави на Geekbench со Android 11 верзијата на софтверот.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments