OnePlus на 21 јули го закажа првото светско претставување

OnePlus на 21 јули го закажа првото светско претставување на смартфон во засилена реалност

Како бренд изграден врз непоколебливата поддршка на глобалната заедница, OnePlus е посветен на тоа на корисниците да им овозможи возбудливи и освежителни доживувања, кои се битни.

Овој нов формат овозможува OnePlus не само да го претстави Nord на досега невиден начин, туку и да ја искористи технологијата на засилена реалност која на корисниците им овозможува новиот производ да го видат и доживеат од безбедноста на своите домови.

На 21 јули компанијата OnePlus ќе го претстави првиот OnePlus Nord уред, најновиот додаток на линијата брендирани паметни телефони на глобалната технологија. OnePlus им одолеа на предизвиците на индустриските стандарди и пред пет години го одржа првото претставување во целосно виртуелна реалност во светот.

Сега тоа наследство се продолжува и првиот Nord уред ќе биде претставен на првото претставување во засилена реалност (АR) во светот.

AR претставувањето на телефонот OnePlus Nord ќе може да се види преку AR апликацијата OnePlus Nord, која е достапна на Google Play Store и на Apple App Store. Претставувањето ќе почне во 16ч по централноевропско време.

Како да ја користите апликацијата AR OnePlus Nord

  • Преземете ја AR апликацијата на Play Store и App Store.
  • Инсталирајте ја апликацијата и прифатете ги дозволите потребни за AR доживување.
  • Стартувајте ја апликацијата и следете ги упатствата за поставување на вашиот аватар и на апликацијата.

Како да го гледате AR претставувањето

  • Отворете ја AR апликацијата OnePlus Nord во 16ч.
  • Следете ги упатствата на екранот за да почнете со AR доживувањето.
  • Погрижете се да имате добра интернет врска за да немате прекини.

OnePlus креираше и физичка AR покана, која на корисниците преку AR ќе им овозможу уникатно, активно доживување на OnePlus Nord производот директно од нивните домови. За повеќе информации посетете ја страницата oneplus.com.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments