OnePlus Nord ќе биде претставен на 21-ви јули

OnePlus Nord ќе биде претставен на 21-ви јули преку настан во живо

OnePlus го потврди името на нивниот најнов телефон, овој пат од нешто пониската класа и со тоа соодветно пониска цена. OnePlus Nord треба да дојде со цена под 500 евра, истата точно уште не е објавена.

Знаевме дека OnePlus Nord треба да биде претставен овој месец, а сега ја имаме и официјалната дата, 21-ви јули. Настанот ќе се одржи онлајн со почеток во 16:00 часот.

OnePlus почна со пуштање по малку информации за нивниот нов телефон, почнувајќи со неговото име, OnePlus Nord.

Главното внимание кај OnePlus Nord е насочено кон цената, која за разлика од претходните модели кои се продаваат по цена од 800 евра, Nord треба да дојде со цена под 500 евра, но точната цена уште не е објавена.

Исто така, според најавите од едниот од основачите на OnePlus, телефонот ќе дојде со камери кои се карактеристични обично кај телефоните од највисоката класа, со што акцентот покрај на цената, се става и на квалитетот на слики кои корисниците ќе можат да ги направат.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments