OnePlus Nord ќе има широка селфи камера

OnePlus Nord ќе има широка селфи камера

Компанијата OnePlus потврди дека претстојниот One Plus телефон ќе има две предни камери. Покрај ова, потврдено е дека покрај главната камера ќе биде достапна и ултраширока селфи камера.

Дополнителниот објектив ќе има поле на преглед од 105°, како што е напоменато во објавата на компанијата на Instagram. Иако не се објавени повеќе детали за предните камери (како резолуцијата), претходните гласини сугерираат дека во прашање се 32MP главен сензот и 8MP ултраширок.

На задната страна се очекуваат уште четири камери: 48MP главна, 8MP ултраширока, 2MP макро и 5MP сензор на длабочина. Сите детали ќе биде официјализирани на 21. јули, кога ќе биде претставен OnePlus Nord.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments