OnePlus со нов телефон под името Nord

OnePlus ќе претстави серија со евтини смартфони под брендот Nord

Компанијата OnePlus на почетокот продаваше смартфони по пониска цена, нивниот прв модел чинеше само 299 долари. Меѓутоа, подоцна ги претставија моделите OnePlus 8 и 8 Pro со одлични спецификации кои се продаваат по цена од 699 долари за основните модели.

Целта на оваа компанија е да направат поевтини мобилни телефони кои ќе бидат достапни за поголем број на купувачи ширум светот.

„Ние сме горди на нашите производи и ќе продолжиме да произведуваме уште подобри модели за нашите корисници. Возбудени сме што новата серија на OnePlus смартфоните ќе биде достапна до голем број корисници ширум светот“, изјави директорот на компанијата Пит Лау.

Засега нема официјални спецификации, но познато е дека брендот Nord ќе биде достапен и во Европа.

Се шпекулира дека ќе има две предни камери и тоа од 32 и 8 MP. Камерите ќе бидат сместени во горниот лев агол на екранот.

Смартфонот ќе поседува Snapdragon 765G процесор и AMOLED екран со фреквенција за освежување од 90 Hz. Смартфонот ќе чини 299 долари.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments