Масовната онлајн стратегија EVE доаѓа во август
EVE Echoes ќе биде прилагодена за играње на смартфон, а со оглед на тоа што се повеќе се лансираат специјализирани гејминг модели, ќе може да се искористи целосниот графички потенцијал и перформанси.
CCP Games во текот на август ќе ја лансира популарната масовна мултиплеер онлајн стратегија EVE за мобилните платформи на Android и iOS.

EVE Echoes за смартфон ќе биде бесплатна за инсталирање и играње, ќе има огромен избор на универзуми и можности за вселенски битки. Датумот на лансирање на EVE Echoes е закажан за 13 август.