МЕСА одржува втор онлајн турнир
Македонската еспорт асоцијацијa го организира вториот онлајн турнир оваа година видео играта секако дека ќе биде Counter Strike:Global Offensive.Натпреварувањата ќе се одржуваат од 1 до 5 јули со борба помеѓу најдобрите домашни тимови.
Преносот на овој турнир ќе оди во живо на најпознатата платформа за стриминг на видео игри Twitch – Twitch.tv/mesa_esports. Преносот во живо за време на работната недела, односно од среда до петок ќе започне од 18:00 часот, додека почетокот на стримот за викенд ќе започне од 11:00 часот.
Гејминг и еспорт сцената имаат голем потенцијал и исто така имаат и голема социјална моќ и можност да ги зближат луѓето. МЕСА со своите поддржувачи активно ја демонстрира оваа нова реалност и ја унапредува положбата која видео игрите ја имаат во македонското секојдневие.
Моќта на гејмингот беше препознаена и од Светската здравствена организација која од почетокот на оваа година во соработка со популарни лица од гејминг сцената создаде интернет кампања под мотото #PlayApartTogether.
Победниците ќе бидат наградени преку спонзорите на настанот: EU House и Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Неотел, Нексио, Галерија, GG.MK, Pizza Jakomo.
