Основнинот модел на iPhone 12 ќе биде поскап

Основниот модел на iPhone 12 може да биде поскап од очекуваното

Сосема е сигурно дека iPhone 12 нема да биде евтин, но некои извори тврдат дека би можел да биде многу поскап од очекуваното.

Џеф Пју, технолошки аналитичар чии дојави досега неколку пати беа точни, сега тврди дека основниот iPhone 12 5G модел ќе биде 100 долари поскап од оној што претходно се најавуваше, односно ќе чини 749 долари.

Според него, главните виновници за толку високата цена ќе бидат 5G поддршката и OLED екранот. Тој, сепак, зборуваше само за основниот модел на смартфонот.

Меѓутоа, судејќи според таа цена, тогаш iPhone 12 Max би можел да чини помеѓу 799 и 849 долари.

Од друга страна, 4G варијантата на уредот би требало да чини 549 ​​долари.

Не е јасно дали зголемувањето на цените би се проширило на моделите Pro и Pro Max, кои во моментов започнуваат од 999 и 1.099 долари, соодветно.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments