Остатоци од летало кое не е од Земјата

Пентагон има тајна единица за НЛО истражување

Пентагон има тајна единица за НЛО истражување, а наскоро ќе треба да го објави она што го откриле во нивното истражување.

Иако Пентагон тврдеше дека ја раскинал својата тајна програма за идентификација на НЛО уште во 2012 година, се чини дека програмата штотуку е преместена и преименувана.

Она што е особено интересно е дека барем дел од нивните откритија ќе треба да бидат објавени 180 дена по донесувањето на законот за разознавање.

И додека некои вклучени во програмата се надеваат дека ќе најдат доказ за постоење туѓо вселенско летало со кое се шпекулира со децении.

Главниот фокус е сè уште на тоа дали станува збор за напредна технологија на ривалските воени сили.

Сепак, поранешниот директор на програмата за НЛО и поранешен службеник за воено разузнавање Луис Елизандо потврди дека тој и неколку други поранешни државни функционери и владини научници веруваат дека предмети од неидентификувано потекло навистина паднале на Земјата.

Потврдено е дека нивните остатоци биле земени за анализа.

Американскиот претседател Доналд Трамп исто така им се придружи на гласините за НЛО и вонземјаните, велејќи во интервју дека знаел некои многу интересни работи за Росвел, град во Мексико кој според т.н. ловци на НЛО е прво место на уривање на НЛО летало.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *