Ова е Sony PlayStation 5

Пристигна новата генерација на PlayStation

Sony конечно откри како изгледа PlayStation 5,по скоро еден час од најавување игри за новата конзола Sony го откри дизајнот на конзолата  бело-црн дизајн за да одговара заедно со новиот контролер што ќе биде вклучен во кутијата.

Конзолата стои вертикално, како што Xbox Series X првенствено е дизајниран да биде поставен, и ќе содржи две верзии: едната со 4K Blu-ray диск и Digital Edition.

Отстранувањето на CD читачот би требало да значи дека дигиталната верзија на конзолата ке биде поевтина,но Sony сеуште ги нема објавено цените.

Исто така најавени се новите додатоци заедно што доаѓаат со конзолата, вклучувајќи станица за полнење DualSense, нова HD камера, безжични слушалки со пулс 3D и далечински оправувач за сите медиа апликации.

Sony, како и Microsoft, полека даваа повеќе информации за новата генерација на конзоли во изминативе месеци.   Се очекува дека двете конзоли ке бидат достапни за генералната публика при крајот на 2020.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments