Пад на повеќе Google сервиси го привлече вниманието на корисниците во целиот свет.

Проблемот кој предизвика да не функционираат поголемиот дел од сервисите од Google, веќе е исправен и корисниците не би требало да имаат никакви проблеми.

Денеска можеше да се види, иако е познато, колку важен дел од интернетот е Google. Околу еден час пад на системите придонесе да не функционираат повеќето нивни сервиси како YouTube, Gmail, Docs и слични, а корисниците во целиот свет го забележаа тоа и реакциите се едни од поголемите во текот на денот.

Од Google го потврдија проблемот, но не објавија што точно го има предизвикано, а тој веќе е решен и корисниците не би требало да имаат проблем со пристапување до сервисите од оваа компанија.

Сервисите од Google се основа и за доста други сервиси, па забележано беше дека не функционирале одредени уреди од паметниот дом, односно истите не можеле да бидат контролирани преку Google Assistant. Тука е и играта Pokemon Go која имала проблем со функционирање за време на падот на сервисите од Google.

Без разлика на големината на падот, сепак Google Search остана функционален, како и рекламите кои се прикажуваат преку мрежата на компанијата.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments