Паднати се серверите на Google

Gmail, Google Drive, Google Meets се паднати

Според објавата на Google се уште се работи на барање на причината која го создала проблемот.

Како што истакнале од Google, компанијата веќе работи за да открие која е причината за падот на мрежите и проблемите при вклучување кои се јавија кај корисниците.

Не сите сервиси се комплетно паднати. Дел од корисниците можат да се вклучат на Gmail – некои ги отвораат своите сандачиња, но не се во можност да ја испратат својата електронска порака.

Проблемите на Google ги има и мрежата Slack, па така корисниците на оваа платформа имаат проблеми да ги прочитаат новите пораки и да се поврзат на Slack. Исто како и во случајот на Google, платформата Slack е недостапна само за дел од корисниците.

„Ги истражуваме сите известувања за проблемите при користење на Gmail. Наскоро ќе објавиме дополнителни информации“, стоеше во понова објава на Google.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments