Направени паметни семафори во САД

Ако во близина се најде возило за итна помош, се пали зелено светло

Компаниите Autotalks и Applied Information од Израел и Соединетите држави развиле систем на паметни семафори, кои имаат можност да го вклучат зеленото светло кога возилата за итна помош, амбулантни возила, пожарна или полиција минуваат низ раскрсниците.

Во Џорџија, САД, каде што е активен овој пилот-проект, се инсталирани околу 150 од овие системи.

Системот работи безжично и е прилично едноставен. Имено, кога специјалните возила се приближуваат до семафорот, возачот активира специјален уред кој издава команда до модулот во семафорот за да го вклучи зеленото светло, односно црвеното за сите други насоки.

Така, на возилата за итни случаи им се обезбедува побрз и побезбеден начин до местото на несреќата.

Компаниите кои го развиле системот, планираат натамошни подобрувања и проширување низ целиот свет.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments