Партнерството за автоном на BMW Mercedes-Benz во моментов е на чекање

Партнерството за автоном на BMW Mercedes-Benz во моментов е на чекање

Компанијата Daimler под која спаѓа и Mercedes-Benz изјави дека е одложен договорот за партнерство за развивање на автономна технологија со BMW. Двете компании земајќи ја во предвид финансиската состојба одлучија дека не е точно време за партнерство.


Иднината на возилата е базирана на електрикчни и автономни возила. Електичните автомобили ден за ден стануваат попопуларни во пазарот на автомобили, така што големите компании се насочуваат кон електричните возила. Минатата година BMW и Mercedes-Benz одлучија да склучат партнерство за автономно возило.
Компаниите склучија договор со кој се очекуваше да состават тим од 1.200 специјалисти за автономно возило но договорот е одложен со тоа што компанијата Daimler изјави дека не е „точно време“ за партнерство.

Компанијата Daimler во текот на денот изјави дека, договорот помеѓу луксузната компанија за автомобили Mercedes-Benz и противничката компанија BMW е одложен. Во изјавата на Daimler гласи вака:„ После темелниот преглед, двете компании постигнаа меѓусебен и пријателски договор да се фокусираат на нивниот тековен развој, што може да вклучува работа со нови партнери.“
Во изјавите на двете компании се укажува дека доколку се зема предвид финансиската состојба на двете компании не е точно време за да може партнерството за функционира успешно. Daimler, исто така кажа дека договорот кој е склучен во 2019 година, може да продолжи во иднина.

Прекинувањето на соработката помеѓу BMW и Mercedes-Benz природно ќе доведе до одложување на овие планови. Знак прашалник е дали двете компании повторно ќе ги здружат силите во иднина за автономни возила.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments