PewDiePie: Криењето на цена на PlayStation 5 не води кон добро

PewDiePie: Криењето на цена на PlayStation 5 не води кон добро

Шведскиот јутубер PewDiePie со вистинскио име Феликс Келберг, го критикува Sony поради тоа што не ја изјавуваат цената на PlayStation 5. Популараното лице изјави дека оваа тајинственост произлегува од високата цена на PlayStation 5.

Долгоочекуваниот PlayStation 5, минатата недела е претставен од страна на јапонскиот технолошки гигант Sony. PS5 кој долго време беше центар на очекувања, привлекува внимание со своите карактеристики и со својот извонреден дизајн.

Исто така би било погрешно ако кажеме дека се споделени сите информации околу конзолата за игри. Најочекуваната тема не ниту спомената.Сите играчи очекуваа да се спомене цената но не испадна токму така.

Sony сеуште не ја објави цената на PlayStation 5

Иако Sony, цената на претходниот PЅ4 не ја изјави веднаш, сепак после неколку месеци на настанот Е3 ја објави. Цената на тогашната нова конзола беше одредена како 399 долари и беше многу висока за тогаш.

PewDiePie на видео објавено на 16 јуни каде зборува за новиот PlayStation 5 гласи вака: „Цената на PЅ4 беше навистина висока, зарем Sony беа задоволни од тоа? Не сум сигурен. Не е добро тоа што не ја објавија цената на PlayStation 5.“

Јутуберот мисли дека цената не е објавена поради тоа што е премногу висока. Сите очекуваат дека цената ќе изнесува 500 долари, но доколку ги земеме предвид извонредните карактеристики цената ќе биде повисока.

PewDiePie исто така коментираше и за дизајнот за кој се зборува многу:„Лично јас, мислам дека можеше да биде подобар. Навистина не сакам да бидам тој човек но уште пред да ја видам реакцијата на другите јас кажав „навистина изгледа грдо“.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments