PlayStation 5 во 24-каратно злато

Најавен PlayStation 5 во 24-каратно злато

Лимитираната едиција на PlayStation 5 конзолата пристигнуба од компанијата Truly Exquisite, која е продавач на луксузни уреди.

Конзолата во оваа верзија ќе биде достапна подоцна во текот на годината, а ќе се појави во 24K Gold, Rose Gold и Platinum варијанти. Не е објавена цената, но се очекува дека ќе чини околу 1.000 евра.

Кога Sony прв пат ја прикажа PlayStation 5 конзолата, нејзиниот дизајн со две нијанси на бои изненади голем број од корисниците. Некои овој дизајн го прифатија, додека другите се надеваат дека ќе постојат и алтернативни опции на бои.

Sony се уште не објави официјално кои опции на бои ќе бидат достапни за конзолата, но една компанија веќе го промовира 24K Gold PlayStation 5.

Кунал Пател, CEO на компанијата Truly Exquisite истакна дека лимитираната верзија на PS5 конзолата им е наменета на оние кои навистина сакаат да се издвојат, а се очекува дека нема да бидат креирани повеќе од 100 примероци за глобалниот пазар.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments