Почна аукција за 5G во Холандија

Во Холандија почна аукција за 5Г фреквенции

Со учество на некои големи играчи во телекомуникацискиот сектор, денеска во Холандија почна првата државна аукција на 5Г фреквенции, а најнискиот очекуван приход изнесува 900 милиони евра.

Предмет на аукцијата се фреквенциските опсези од 700, 1.400 и 2.100 мегахерци, а покрај домашната телекомуникациска компанија КПН, учествуваат и Vodafone и T-Mobile.

Според правилата, аукцијата мора да заврши до 1 август, но можно е тоа да се случи и порано, а ниту една од заинтересираните компании нема да може да откупи повеќе од 40 проценти од кој било фреквенциски опсег.

Иако Vodafone во април објави дека почнал да обезбедува 5Г телекомуникациски услуги, кога станува збор за воведување на таа технологија, Холандија заостанува во однос на некои други европски земји.

Аукцијата на фреквенцискиот опсег од 3,6 гигахерци – кој во јавноста најчесто се поврзува со 5Г технологијата – е одложена до почетокот на 2022 година, поради преместување на еден сателитски систем кој би можел да го попречува функционирањето на таа технологија.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments