Популарноста на World of Warcraft не згаснува и за само еден ден се продадоа 3.7 милиони копии на најновата експанзија.

За една MMO игра која е на сцената повеќе од 15 години и се одликува со релативно застарени механики, би можеле да помислите дека играта не ужива во истата популарност во 2020 година.

Според Blizzard, меѓутоа, најновата WOW експанзија Shadowlands e најбрзо продавана PC игра во индустријата и се има вдомено во компјутерите на 3.7 милиони гејмери за само еден ден. Рекордот за најбрзо продавана игра претходно се држеше од Diablo III и 3.5 милиони продадени копии за само еден ден.

Од компанијата се пофалија и дека месеците пред излегувањето на експанзијата се покажале исклучително профитабилни и достигнале број на играчи и претплати на иста висина како и за било која претходна експанзија од изминатата декада. Според Blizzard, играчите поминале повеќе време во 2020 година од која било друга година од последните десет години.

Ова нѝ кажува дека моделот на WoW е екстремно успешен и базата од играчи никако не е за потценување. Shadowlands извлече просечна metascore оценка од 82 поени и критичарите делуваат релативно задоволни од најновото продолжување, мислење кое и не се баш дели од играчите кои и имаат доделено значително пониска оценка од 6.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments