Поради едно видео оценката на TikTok се уништи

Поради едно видео оценката на TikTok се уништи

Оценката на Google Play Store на TikTok, која е една од најпосакуваните платформи за споделување видео, значително се намали како резултат на контроверзното видео на YouTube. Со други зборови, можеме да кажеме дека тензијата помеѓу корисниците на YouTube и TikTok се гледа и на оценката на Play Store.

TikTok веќе стана најпопуларната апликација за споделување видеа. Апликацијата е превземена милиони пати и од iPhone и од Android. Но едно контраверзно видео на YouTube, ја уништи оценката на TikTok на Play Store.

Индијските корисници на TikTok, поради едно видео на YouTube под наслов „Youtube vs TikTok: The End“,TikTok го оценуваат само со една оценка. Овој напад извршен врз TikTok за Android верзија, ја падна оценката на TikTok од 4,6 на 1,3 ѕвезди. Оценката на TikTok на Apple Store сеуште е 4,8.

Борбата помеѓу YouTube и TikTok влијае врз оценката на TikTok на Play Store

Сето тоа започна со едно видео на YouTube под наслов „Youtube vs TikTok: The End“, споделено од страна на индијски популарен јутубер CarryMinnati. Во видеото го критикуваше тиктокерот Amar Siddiqui. Видеото на CarryMinnati беше отстрането од страна на YouTube. По оваа случка фановите на YouTube и TikTok започнаа војна на социјалните мрежи.

Фановите на CarryMinnati, на социјалните мрежи започнаа акции со хаштаг #JusticeForCarry и #BanTikTokInIndia се со цел да го поддржат популарниот јутубер. Моментално корисниците на социјалните мрежи си ги продолжуваат своите рекации со #tiktokdown и #tiktokexposed.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments