Претседателот на СЗО предупредува!

Претседателот на СЗО предупредува!

Претседателот на Светска Здравствена Организација, Тедрос Адонам Гебрејесус изјави дека се очекува дека бројот на заболени од коронавирис следната недела ќе надмине 10 милиони. Во моментов, низ целиот свет има повеќе од 9,2 милиони заболени.

Коронавирус кој започна во Кина, се прошири низ 188 држави. Низ целиот свет ги заболи повеќе од 9,2 милиони лица од кои 478 илјади починаа.

Пандемијата коронавирус која започна на почетокот од оваа година, буквално не може да се спречи и ден за ден заразува се повеќе лица. Според изјавата на Светска Здравствена Организација, бројот на заболени следната недела ќе биде повеќе од 10 милиони.

Се очекува да има повеќе од 10 милиони заболени

Претседателот на Светска Здравствена Организација, Тедрос Адонам Гебрејесус изјави дека очекуваат дека следната недела бројот на заболени ќе биде повеќе од 10 милиони. Исто така, Гебрејесус изјави дека повеќето болници низ светот имаат недостаток на респиратор.

Гебрејесус исто така изјави дека ја поддржува забраната за Аџилак на Саудиската Арабија. Во моментов Саудиски Арабија со број на заболени 167 илјади е на 16. место на листата низ целиот свет.  Според извештајот на Универзитет John Hopkins, бројот на починати во државата е 1.387.

Претседател на програма за итни случаи на Светската Здравствена Организација, Д-р. Мајк Рајан изјави дека бројот на заболени во Јужна и Средна Америка сеуште не го достигна пикот.

Рајан изјави дека во наредните денови ќе се покачи бројот на заболени и починати во областта. Во моментов, бројот на заболени во Јужна Америка е повеќе од 1,8 милиони, а бројот на починати е повеќе од 74 илјади. Во Средна Америка бројот на заболени е повеќе од 65 илјади, а бројот на починати е повеќе од 1.800.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments