Претставен најбрзиот патнички авион

Претставен најбрзиот патнички авион во светот

Стартапот Boom Supersonic од Денвер, САД, објави дека на 7 октомври ќе го претстави прототипот XB-1, односно новиот комерцијален авион Overture, а тест-летовите ќе почнат во 2021 година.

Летовите со двојно поголема брзина значат дека ќе можеме да патуваме дупло подалеку, односно тоа ќе ни приближи нови луѓе нови места и нови култури. Според Boom, прототипот XB-1 треба да го покаже и докаже квалитетот на клучната технологија на Overture, односно конструкцијата од композит на јагленски влакна и компјутерски оптимизирана високоефикасна аеродинамика.

Компанијата објави и фотографии од експерименталниот авион во хангар опишан како најбрз во историјата на приватно развиените авиони. Побрзите патувања ќе ни овозможат да ги искусиме нациите од целиот свет, од различни култури и места. Со прототипот XB-1 покажуваме дека сме подготвени да се вратиме на суперсоничните летови и да се осигураме дека суперсоничната иднина ќе биде сигурна, прифатлива за околината и економски одржлива“, додава основачот на Boom Supersonic.

Според него, побарувачката за суперсонични производи расте побргу отколку што очекувале. Пред пандемијата Boom имал најмалку 6 милијарди долари вредни преднарaчки за авион коj чини 200 милиони долари, а меѓу купувачите биле и Virgin Group, кои во компанијата инвестирале 10 милиони долари во 2017 година.

Overture може да прифати од 55 до 75 луѓе, а со патнички летови треба да почне во 2030 година, примарно прекуокеански летови на кои може да се искористи неговата брзина од 2,2 маха. Авионот е дизајниран со помош на најновите технологии за намалување на бучаватa и суперсоничнa брзина.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments