Претставен прототип на телефонот „ROLETNA“ (ВИДЕО)

Oppo регистрираше 122 патенти за нов мобилен уред.

Oppo ја изненади конкуренцијата, пред се корејската LG, со револуционерен концепт за мобилен телефон – Oppo X 2021.

Објективот вчера пишуваше за телефонот „бленда“, кој треба да се појави на пазарот следната година, според најавите на LG Electronics, но Кинезите предизвикаа светска конфузија со прототипот за работа, претставен на годишниот настан Inno.

Уредот има посебен механизам, кој ја зголемува и намалува дијагоналата на OLED-дисплејот. Со мало движење на раката, можете да го зголемите екранот од 6,7 на 7,4 инчи! Овој дизајн носи неколку нови карактеристики, како за програмерите, така и за корисниците.

Како што е соопштено, Oppo регистрирал вкупно 122 патенти за новиот модел на телефон, а 12 се однесуваат на механизмот за прикажување. За жал, не се соопштени други детали, како и времето кога уредот ќе се појави на пазарот.

Веќе напишавме дека LG својот „бленда“ телефон ќе го базира на LG Rollable OLED телевизорот, чиј екран се наоѓа на штандот. Така, технологијата не е целосна новина, но сериозно се заканува да ги загрози „преклопните“ модели.

На следното видео, ќе научите други детали за уникатниот кинески уред, кој вчера дебитираше во Шенжен.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments