Претставен Samsung Galaxy Z Flip 5G

Samsung го претстави флексибилниот Galaxy Z Flip 5G

Некое време е познато дека Samsung подготвува 5G верзија на флексибилниот смартфон Galaxy Z Flip, а се очекуваше дека уредот ќе биде претставен на 5. август. Сепак, компанијата има други планови.

Смартфонот е речиси идентичен со својата 4G верзија, а покрај 5G можностите, го доби и новиот чипсет Snapdragon 865+ и малку повисока цена. Во САД ќе се продава за 1.450 долари, што претставува зголемување од 70 долари во однос на претходната генерација.

Продажбата ќе почне на 7. август, што е речиси веднаш по настанот на 5. август, каде очекуваме да биде претставена Galaxy Note20 серијата и неколку други производи во различни категории.

Уредот ќе биде достапен во две бои – Mystic Grey и Mystic Bronze, а очигледно ќе биде достапен и во оние земји каде што има 5G мрежи.

Поддршката за 5G е изразена при работа со фреквенции под 6GHz, а покрај тоа уредот доаѓа со неколку мали подобрувања на софтверот што ги немаше во 4G верзијата.

Компанијата го подобри Flex режимот, што им овозможува на апликациите да го променат својот интерфејс кога уредот е преклопен на половина.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments