Претставена е новата серија телефони Realme

Претставени се Realme 7 и Realme 7 Pro

Се тврди дека Realme 7 серијата е прва што го поминала TÜV Rheinland Smartphone Reliability Verification тестот, што ги тестира телефоните во текот на секојдневната употреба, квалитетот на компонентите.

Realme претстави два нови смартфона во рамките на 7 серијата – Realme 7 и Realme 7 Pro, а уредите се официјализирани во Индија.

Двата модела ги карактеризира геометриски дизајн и anti-glare ефект на задната страна.

Главната одлика на Realme 7 Pro моделот е 65W SuperDART Charge поддршката, која 4500mAh батеријата на уредот ја полни до врв за 34 минути.

Realme 7 Pro има 6.4-инчен Full HD+ Super AMOLED екран (90.8% screen-to-body однос), Qualcomm Snapdragon 720G чипсет, 6/8 GB RAM, 128 GB простор за складирање.

Системот на камери го сочинуваат 64MP Sony IMX682 главниот сензор, 8MP ултраширок сензор, макро сензор и B&W Portrait сензор – Предната камера има 16MP.

Realme 7 користи 6.5-инчен Full HD+ (1080 x 2400) LCD со 90Hz освежување, има MediaTek Helio G95 чипсет, 6/8 GB RAM, 64/128 GB простор.

Realme 7 Pro ќе се најде во продажба од 14. септември по цена од околу 272 долари за 6GB + 128GB варијанта и околу 300 долари за 8GB + 128GB .

Realme 7 пристигнува по цена од околу 204 долари за 6GB + 64GB варијанта и околу 232 долари за 8GB + 128GB.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments